Бренда од Беверли Хилс која се бори со опасна болест, со новата фотографија ги израдува фановите

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Беверли Хилс 90210“ Шенен Доерти на својот Инстаграм сподели фотографија со која шармираше илјадници свои следбеници додека се бори со ракот во четврта фаза, кој неодамна се прошири и на нејзиниот мозок.

52-годишната актерка ги воодушеви сите со својот изглед, особено што во последно време во нејзиниот живот се слеваат само лоши вести. Таа на фотографијата позира со пријателите облечена само во бел џемпер во стил на фустан, темни хулахопки и високи црни чизми.

„Изгледаш одлично“, „Апсолутно убаво“, „Ни го одземаш здивот“, „Убава, силна“, „Вистинска убавица и кралица“, „Нема зборови да те опишам“, „Колку ми е убаво што те гледам “, „Се надевам дека се чувствуваш добро како што изгледаш“, „Убава внатре и надвор“, се само дел од коментарите што ги добила.

Шенен неодамна поподолго време се сретна со своите колеги од култната серија која ги одбележа нивните животи, што за неа беше особено емотивно искуство. Повод за нивното собирање беше Con панелот во Флорида, а покрај Шенон, на него се појавија и Тори Спелинг, Џејсон Пристли, Џени Гарт, Иан Зиринг, Брајан Остин Грин и Габриел Картерис, а сите заедно разговараа за серијата и одговараа на прашања од бројни фанови. Тоа беше емотивно дружење за сите, но особено за Шанен, која веќе долго време се бори со болеста и која доби најгласните овации од публиката што ја расплака.

“Многу ви благодарам. Вие луѓе знаете колку сакам да плачам. И изгледа дека навистина сакам. Па, благодарам”, се пошегувала на своја сметка видно трогнатат актерка.

Во јуни, Шанен откри дека ракот се проширил во нејзиниот мозок и објави видео на Инстаграм за терапијата со зрачење и откри дека лекарите го отстраниле туморот откако КТ скенирањето открило дека клетките на ракот се шират.

“Водам битка за живот, со која се справувам секој ден. Мислам дека ми оди навистина добро. Свршувачките, браковите и разводите минуваат многу добро, а мене ми оди многу добро”, се пошегува таа за себе по разводот во април од нејзиниот трет сопруг, фотографот Курт Исвариенко, по 11 години брак.

“Разводот е последното нешто што го сакаше Шенен. За жал, таа почувствува дека нема други опции. Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вмешана”, рече нејзиниот претставник Лесли Слоун, сугерирајќи дека причината за разводот е друга жена.

Но, актерката оди понатаму и веќе планира да лансира свој подкаст.

„Ќе се вика „Ајде да биде јасно“ и тоа ќе бидат интерактивни мемоари во живо. Така ќе можете да слушнете се за што одбив да зборувам претходно“, објави таа.

На Шанен првпат и беше дијагностициран рак во 2015 година, а потоа отиде во ремисија во 2017 година, а во 2020 година објави дека се вратил.

„Нашиот живот не завршува во моментот кога ќе ја добиеме таа дијагноза. Сè уште треба да живееме“, рече таа за Добро утро Америка во февруари 2020 година и ги охрабри сите што водат иста или слична битка како нејзината.

Шенен во една прилика откри дека пишува проштални писма за своите најблиски, како и дека избрала песна со која сака да биде испратена во последното почивалиште.

Треба да знаете
Последни објави