Страшна детонација одекна вчерва на улицата „Анина“ во загрепската населба Рудеш. Причинета е материјална штета и на објектот каде што се случила експлозијата, а полицијата веднаш по пристигнувањето на местото на пријавата го опколила целиот простор.
Дали се работи за експлозивна направа која блеснала и ги преплашила минувачите и жителите или се работи за нешто друго, загрепските полицајци интензивно се обидуваат да утврдат. Од силината на детонацијата наводно било оштетено едно возило.
-Толку многу „удри“ што блесок светлина ја осветли мојата соба. Лежев во темница и гледав телевизија. Слушнав машки глас надвор како нешто вознемирено му зборува некому на мобилен телефон, но не можев да разберам што. Полицијата дојде многу брзо после тоа, па не исклучувам дека можеби тој човек повикал полиција. Прво стигна една кола, па повеќе – изјави за Јутарњи жител на улицата „Анина“.
Граѓаните јавуваат и дека полицијата упаднала во куќата, улицата е блокирана и никого не пуштаат да се доближи.
Полицијата оди од стан во стан, а на сите им е кажано да не излегуваат од дома.
-Не вознемири експлозијата но и полицајците кои буквално трчаа по улица барајќи нешто, ни тропаа на сите врати. Многу брзо, како да е итно. Прашуваа дали видовме нешто. Мислам дека ни тие самите се уште не знаат што точно бараат, а можеби и имаат некакви траги, но не сакаа да ни кажат. Во последно време не сме многу мирна улица, ни ги крадат автомобилите, а во продавницата имало вооружени грабежи – раскаж жител на улицата „Анина“.
Од Јавното обвинителство на Загреб за Јутарњи лист потврдија дека добиле дојава за експлозија во дворната зграда на споменатата улица, а од експлозијата е оштетен еден автомобил. Воедно забележуваат дека нема повредени лица и дека се утврдуваат сите околности на настанот.