Вкупно 340 возила со хуманитарна помош влегле во Газа од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас, од кои само 65 стигнале до северниот дел на Појасот.
Тоа беше причина за Хамас да го обвини Израел за кршење на договорот, а беше закана и за промена плановите за вчерашната размена на 13 заложници кои ги држеше Хамас за 39 палестински затвореници.
Ослободувањето беше најавено за околу 16 часот, но се случи синоќа, откако беа надминати „техничките недоразбирања“ со интервенција на Катар, Египет и САД.