Рајо Ваљекано во 14. коло од шпанската фудбалска Ла Лига остана непоразен пред своите навивачи од актуелниот првак Барселкона (1:1). Ова е петти пат по ред тимот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано да остане непоразен во пресметките со Барселона.
Малку време преостануваше Димитриевски да остане несовладан, бидејќи за тоа се погрижи неговиот соиграч Дежен со автогол на десетина минути ја смести топката зад грбот на македонскиот чувар на мрежата. Ваквиот исход сепак не го помати задоволството на Димитриевски кој по натпреварот, својот дрес му го подари на еден од најпознатите светски новинари и специјалист за трансфер Фабрицио Романо.
Последните недели тој е чест гостин на екипи од Европа и речиси од секој натпревар на подарок добиваа дрес.