По завршувањето на примирејето Израел ќе ја продолжи борбата за уништување на Хамас

Во порака до војниците, началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска изјави дека армијата одлучно ќе се врати во борбата против Хамас кога ќе заврши прекинот на огнот во Појасот Газа и да ја постигне целта, а тоа е уништување на таа терористичка група.

„ИДФ жестоко се бори да ги заштити животите на нашиот народ додека се придржува до принципите на израелската армија“, рече Халеви, објави „Тајмс оф Израел“.

Халеви истакна дека ИДФ обезбедила услови за ослободување на првата група заложници – жени и деца за време на паузата во борбите.

Халеви рече дека израелските војници со своите храбри борби овозможиле ослободување на заложниците и дека по паузата во војната ќе продолжат да се борат за да ја постигнат својата цел – уништување на Хамас.

Треба да знаете
Последни објави