Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес и утре ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот, во Барселона, на покана на високиот претставник и потпретседател на Европската комисја, Жозеп Борел и заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади, информираат од МНР.
Осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот ќе ги собере министрите за надворешни работи на 43 земји членки на Унијата за Медитеранот. Во фокусот на дискусиите ќе биде ситуацијата во Израел- Палестина и последиците за регионот на Блискиот Исток.