Вкупно 39 Палестинци ќе бидат ослободени денеска од затвори во Израел, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар.
Како дел од договорените обврски, на третиот ден од примирјето во Газа, „39 палестински цивили ќе бидат ослободени денеска во замена за ослободување на 13 израелски затвореници од Газа, покрај еден затвореник кој има руско државјанство и 3 Тајланѓани“, објави на Х Мајед Ал- Ансари.