(Фото) Заев, Спасовски, Зечевиќ и Лукаревска на иста маса

На социјалните мрежи кружат фотографии каде можат да се видат на едно место многу сегашни и бивши високи функционери на СДСМ, кои викендов биле на свадба кај претседател на општински огранок на СДСМ.

На една од фотографиите, на иста маса седат екс лидерот на СДСМ Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на партија Миле Зечевиќ и Сања Лукаревска заменик претседателка на СДСМ и директорка на УЈП.

Во период кога одредени медиуми пишуваат за наводни крила и поделби во СДСМ, очигледно дека ваквите фотографии испраќаат порака на единство во партијата.

Треба да знаете
Последни објави