Маж во САД тргнал на џогирање и убил бездомник, снимил сè

Властите во Јужна Калифорнија обвинија маж дека застрелал и убил бездомник кој спиејќи на тротоарот му се испречил на патот додека џогирал, пишува „Си-Ен-Ен“.

Крег Самнер Елиот (68) џогирал со своите две кучиња во Гарден Гроув, Калифорнија попладнето на 28 септември кога налетал на Антонио Гарсија Авалос (40) додека спиел среде тротоарот. Елиот имал количка со себе и го турнал бездомникот да го разбуди за да помине покрај него.

Тогаш бездомникот почнал да му вика на Елиот, а 68-годишникот извадил огнено оружје од количката и го застрелал.

Во соопштението властите наведуваат дека 68-годишникот го снимил целиот инцидент. На видеото се гледа како Авалос стои и му фрла чевел на Елиот, кој  се обидува да го избегне. Неколку секунди подоцна, Елиот трипати пука во Авалос, кој подоцна умира од повредите.

Полицијата го уапси Елиот на 17 ноември, а тој беше ослободен од притвор на 20 ноември откако плати кауција од 100.000 долари. Судењето почнува во декември, а доколку биде прогласен за виновен, Елиот се соочува со максимална казна од 21 година затвор.

Треба да знаете
Последни објави