Најмалото родено бебе во светот пуштено од болница

Бебето Сејби, за кое се верува дека е најмалото родено бебе во светот, е пуштено од болница во Калифорнија откако помина пет месеци во одделение за интензивна нега, соопштија денеска од Медицинскиот центар во Сан Диего.

Кога се роди Сејби имаше само 245 грама.

Во соопштението од болницата се вели дека таа е „среќно бебе со околу 2,3 килограми добро здравје”.

Родена е во декември, во 24-тата недела од бременоста. Таа беше толку мала што можеше да биде ставена во раката на лекарот.

Според регистарот што го води Универзитетот во Ајова, Сејби го собори рекордот за најситното новороденче. Рекорд го држеше бебе родено во Германија во 2015 година, со седум грама повеќе од Сејби.

Треба да знаете
Последни објави