Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на Фејсбук го коментарише обидот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, слика од концерт на Лепа Брена во Софија, да ја претстави како да е салата Борис Трајковски во Скопје, во пресрет на Самитот на ОБСЕ, а со цел да ја нападне Владата.
„Така било тоа…пиши, излажи, избриши, па потоа прави се како ништо да не било. Многу работи за кои мислиме дека се пропуст, провокација, неукост на крај завршуваат во патолошки појави, како на пример лажење. Лага по лага, брука до брука…една по една сите лаги ќе ти се разобличат, уште многу постови ќе бришеш…наскоро“ вели Петровска.
Инаку, Пертровска веќе има покренато една тужба за клевета против Драган Ковачки, а најави и следна, ако тој не се извини за неговите тврдења дека постоел наводен секс скандал во Армијата