ВМРО-ДПМНЕ: Лажгото Заев уште лани во јуни го прославуваше датумот кој го нема

Лажгото Заев уште лани во јуни го прославуваше датумот кој го нема, а СДСМ сега ги понижува граѓаните мислејќи дека заборавиле и повторно бараат да се прославува добивањето на датум во јуни, кој заради нивните криминали, корупцијата и неспособноста, повторно нема да биде даден.

Граѓаните само губат со секоја нова манипулација на лажгото Заев.

Додека Заев лаже и ја занимава јавноста со некакви партиски комбинаторики, граѓаните осиромашуваат, а Македонија пропаѓа.

Лошите политики Заев не може да ги сокрие од  ЕУ и од јавноста.

Не може Заев да го сокрие податокот дека капиталните инвестиции за првите 4 месеци се исклучителни ниски и изнесуваат 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Буџетот наместо за капитални расходи се троши за тековни трошоци. Вистинско преживување по принципот купи ден помини.

Нема инвестиции во нови патишта, болници, училишта, нема ниту инвестиции во градежништвото.

Заев не може да го сокрие фактот дека економскиот тим на оваа влада е најнеуспешниот во нашата историја.

Со оваа лоша политика на владата на СДСМ, Македонија никогаш нема да добие датум за преговори.

Македонија заслужува подобро, време е Заев и неговата неспособна влада да заминат во историјата.

Треба да знаете
Последни објави