Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас иако доби шанса за настап во тимот на актуелниот шампион Наполи од клупата за резерви на дуелот со Аталанат во Бергамо, со прикажаното на теренот и постигнатиот победнички гол (1:2) си обезбеди место во идеалниот тим на 13. коло и тоа во официјалниот избор на Серија А, објавен на профилите на социјалните мрежи на елитното италијанско фудбалско друштво.
Елмас беше оценет со седумка, која го смести меѓу четворицата најдобри играчи за врска во овој избор.
Покрај Елмас тука се најдоа уште и Малиновски (Џенова), Кандрева (Салернитана) и Ел Шарави (Рома), а во идеалните 11 имаше место и за Мењон (Милан), Досена (Калјари), Толјан (Сасуоло), Монтеризи (Фросиноне), Дибала (Рома), Суле (Фросиноне) и за Берарди (Сасуоло).