Повеќе камиони со хуманитарна помош со медицински материјали, храна и „мали количини гориво“ влегоа во северна Газа, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток.
Камионите со помош на УНРВА и Палестинската Црвена полумесечина беа однесени во „областите северно од Вади Газа“ и вклучија „медицински материјали, готова храна, пченично брашно, флаширана вода, шатори и ќебиња, кои беа доставени до четири магацини на УНРВА за дистрибуција“, велат од агенцијата.
„Помошта вклучуваше и мали количини гориво доставени до капацитетите за производство на вода, за да се поддржи нивното повторно активирање по завршувањето на поправките“, се вели во денешното соопштение на УНРВА. „Во текот на изминатите три дена, мали количини гас за готвење влегоа во Газа за прв пат од почетокот на конфликтот.