Ако во последно време се чувствувате слабо и летаргично, тоа може да биде знак дека имате недостиг на витамин Ц. Токму затоа што витаминот Ц игра клучна улога во производството на енергија во телото, неочекуваниот замор е еден од првите показатели дека е време да посегне по бројни намирници кои се богати со тој витамин. Освен замор, проверете дали има и други симптоми на недостиг на витамин Ц.
Чести воспаленија
Витаминот Ц е познат по своите својства за зајакнување на имунитетот. Доколку имате чести настинки, тоа може да биде знак дека ви недостасува витамин Ц.
Бавно зараснување на раните
Витаминот Ц е неопходен за синтеза на колаген – протеин клучен за зараснување на раните. Ако забележавте дека е потребно подолго време од вообичаено за заздравување на исеченици и модринки, тоа може да биде знак дека ви недостасува витамин Ц.
Болка во мускулите и зглобовите
Витаминот Ц исто така игра улога во одржувањето на здрави сврзни ткива, вклучувајќи ги зглобовите и мускулите. Недостигот на овој витамин може да доведе до болка и непријатност во тие области.
Сува и оштетена кожа
Како антиоксиданс, витаминот Ц помага да се заштити кожата од оксидативен стрес. Ако вашата кожа е сува, оштетена и склона кон модринки, тоа може да биде знак дека ви недостасува витамин Ц.
Отечени и крвави непца
Недостатигот на витамин Ц може да доведе до скорбут, состојба која се карактеризира со отечени и крвави непца. Доколку забележите такви симптоми, можеби се работи за недостиг на витамин Ц, но дефинитивно посетете стоматолог.
Промена на расположението и раздразливост
Витаминот Ц е вклучен во производството на невротрансмитери како што е серотонин, кој влијае на расположението. Недостигот на серотонин може да влијае на промените во расположението, раздразливоста, па дури и депресијата.
Како да го зголемите внесот на витамин Ц
Вклучете цитрусно овошје како портокали, лимони, грејпфрут, киви и калинки во вашата исхрана и јадете разнобоен зеленчук како пиперки, кељ и магдонос. Во консултација со вашиот лекар, размислете за земање додатоци на витамин