На 28.11.2023 во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(28) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.