Безбедносна камера го сними моментот кога млада Австралијка го запре автобусот, спречувајќи го да удри во бензинска пумпа.
На видеото се гледа како автобусот се приближува до бензинска пумпа во Норт Казино, Нов Јужен Велс, на пат да удри во делот кај што се полни гориво, но 14-годишната Изабел Милер решително реагирала и го свртела воланот за да скршне и да ја спречи несреќата.
Возачот на автобусот не бил во возилото во моментот на инцидентот, додека во автобусот имало 20 ученици.