Денеска, по претходно преземени оперативни мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода гостиварецот Б.Ј.(31), со престојувалиште во Скопје.
При контрола на патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, под хаубата е пронајдена поголема ќеса со марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.