Пензионерите во Србија денеска на своите банкарски сметки ќе добијат еднократна државна помош од 10.000 динари (едно евро = 116,73 динари).
Државата одвои повеќе од 33 милијарди динари дополнителна помош за нашите најстари сограѓани, што е во согласност со актуелната државна политика за грижа за заедницата и поединецот во годините на криза, изјави вицепремиерот на Владата на Србија и министер за финансии, Синиша Мали
Тој наведе дека тоа е петта еднократна помош за пензионерите во Србија во изминатите четири години од почетокот на пандемијата со Ковид-19, војната во Украина, енергетската криза и конфликтите во Појасот Газа.
Во Србија има 1.65 милиони пензионери.