Шпанскиот премиер: Се сомневам дека Израел го почитува меѓународното право во Газа

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека се сомнева во усогласеноста на Израел со меѓународното право во Газа.

„Поради снимката што ја гледаме и фактот дека се повеќе деца умираат, сериозно се сомневам дека Израел го почитува меѓународното хуманитарно право“, рече Санчез во интервју за шпанската државна телевизија ТВЕ.

„Она што го гледаме во Газа е неприфатливо“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави