Израел го повика на консултации шпанскиот амбасадор откако премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој изјави дека се сомнева оти Израел го почитува меѓународното право во Појасот Газа.
– Израел дејствува и ќе продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право и ние ќе продолжиме со војната до ослободување на заложниците и елиминација на Хамас во Газа, изјави шефот на израелската дипломатија Ели Коен.
Тој додаде дека Хамас, кој изврши масакри на 7 октомври, е одговорен за ситуацијата во Газа.
– Терористичката организација Хамас е таа што врши воени злосторства и злосторства против човештвото, израелските граѓани и граѓаните на Газа, посочи Коен.