Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамала разговараше со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас за тековните напори за забрзување на испораката на хуманитарна помош во Газа, вклучително и максимизирање на хуманитарните паузи.
Тој го осуди екстремистичкото насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег и рече дека ќе продолжи да инсистира на целосна одговорност за одговорните, соопшти Стејт департментот.
Блинкен и Абас разговараа и за итната потреба од мерки за подобрување на безбедноста и слободата на Палестинците на Западниот Брег, се вели во соопштението.
Блинкен повтори дека САД остануваат посветени на унапредување на опипливи чекори за палестинска држава.