Министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски денеска ќе бидат во работна посета на Куманово.
Како што информираат од владината прес-служба, Спасовски и Бочварски ќе го посетат реконструираниот објект на СВР Куманово, една од капиталните инвестиции на МВР, на чие подрачје се реализирани реконструкциите и на останатите полициски објекти.
Министрите ќе ја посетат и Железничка станица „Перо Чичо“, каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата – делница Куманово – Бељаковце, како дел од Коридор 8.