Еве кога ќе биде исплатен К-15 за вработените во образованието и здравството

Исплатата на регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15 треба да се изврши до крајот на месец декември. 

Годинава за првпат сите вработени во државната администрација ќе добијат регрес за годишен одмор кој ќе изнесува 10.000 денари, а од наредната година тој треба да биде во износ од 30 отсто од нето просечната плата исплатена во државата.

Од Министерството за образование и наука потсетуваат дека исплатата на К-15 треба да се изврши до крајот на месецот, а за тоа општините веќе имаат добиено средства од Буџетот.

„Регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во основните и средните училишта. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основан им се исплаќаат на општините“ велат од МОН.

Регресот за годишен одмор за 2023 година, се исплаќа согласно член 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (Сл. весник бр.154 од 20.07.2023 година) во кој е утврдено дека работникот има право на надоместок за регрес за годишен одмор во еднократен износ кај еден работодавач, во текот на годината.

До крајот на овој месец регрес за годишен одмор ќе добијат и вработените во здравството.

Треба да знаете
Последни објави