Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и студеното врме ги парализираа воздушните и железничките врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, некои од нив во возови запрени поради лошото време, пренесува ДПА.
И другите делови од земјата се зфатанеи од снег и мраз, а дополнително влошување на временските условите се очекува во сабота навечер. Поради снегот во застој е авиосообраќајот на аеродромот во Минхен.
До денеска изутрина беа откажани 320 од 760 закажани летови. На патниците им е препорачано да го проверат статусот на нивниот лет пред да пристигнат на аеродромот.
Лоштото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција.
Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите.
Германската железница им препорача на патниците денеска да ги одложат патувањата до и од Минхен.
Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот.
Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија.
Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета.
Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени.
Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата.
Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден.
На северот од земјата, Хамбург објави свеж снег од неклку антиметри, а се очекуваат обилни снежни врнежи на бреговите на Северното и Балтичкото Море, како и во внатрешноста.