Битиќи: Ги повикувам домашните компании да го реструктуираат производството

Ги повикувам домашните компании да го следат примерот на АТС АММО од Самоков, да се охрабрат и да ги реструктуираат своите произвдствени процеси, односно своите процеси да ги усоглаат со највисоките стандарди на НАТО-Алијансата што е услов за учество во тендерските постапки, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при денешната посета на наменската фабрика АТ АММО во Самоков кај Македонски Брод.

Успешноста на фабриката е поттик за локалната економија, но и за македонските компании.

– Би сакал да ги повикам домашните компании да го следат примерот на АТС АММО, да се охрабрат и да ги реструктуираат своите произвдствени процеси , односно своите процеси да ги усоглаат со највисоките стандарди на НАТО-Алијансата што е услов за учество во тендерските постапки. Ова бара технолошко унапредување, но затоа компаниите не се оставени сами. Во оваа насока ќе го споменам Законот за финансиска поддршка на инвестиции како можност која ја создадовме за домашните копмании за да бидат поддржани токму во делот за инвестициите и технолошкото унапредување на производството, посебно за истражувањето и за развојот каде финансиската поддршка изнесува 50 проценти од прифатливите трошоци, како и поддршка во делот на извозот, изјави Битиќи.

Наменската фабрика АТЅС АММО е една од најмодерните фабрики во Македонски Брод која придонесува значително за локалната економија. Ова е потврда на економските придобивки кои полноправното членство во НАТО за земјава ги носи за сите, особено за домашните компании.

-Полноправното членство во НАТО нема само политичко и безбедносно значењеза државава, носи и позитивни ефекти за локалната економија, создавајќи можности за раст на домашните компании за што пример е АТС АММО која е впишана како економски оператор којаима пристап до тендерски постапки во вредност од над 5 милиона евра. Како членка на оваа стратешка Алијанса, на домашните компании им се создаде можност да пристапат до нова мрежа на економска соработка и трговско партерство. Да создадат нова додадена вредност како за нив, така и за севкупната економија во нашава држава, изјави вицепремиерот Битиќи.

Инаку, преку Законот за фнансиска поддршка на компаниите. веќе се поддржани над 919 компании кои имаат реализирано инвестициски циклус од половина милијарда евра, поддржани од Владата со околу 100 милиона евра.

-На овој начин директно ги стимулираме и домашните компании своите пшроизводи да ги приспоисобат на критериумите од Алијансата и со тоа да им отвориме нов простор за раст на бизнисите за отворање нови работни места со достоинствени плати на нашите сограѓани, изјави вицепремиерот з економски прашања Фатмир Битиќи при денешната посета на наменската фабрика АТС АММО во Самоков кај Македонски Брод.

Треба да знаете
Последни објави