Дерби во Чаир за врвот во мак-фудбалот

Есенскиот дел од фудбалската сезона на мак-сцената влегува во самата завршница. Попладнево (13 ч.) на прволигашката сцена се играат преостанатите пет меча од 17. коло. Дербито ќе биде во Чаир, каде водечката двојка Шкупи и Шкендија ќе бијат битка за пол позицијата во пролетниот дел од сезоната. Гостите од Тетово веќе пет години не знаат за триумф на Чаир.

Актуелниот шампион Струга ТЛ како третопалсирана со два бода заостанување зад водечкиот двоец, гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

Работнички во Маџари како домаќин ја пречекува Брера Струмица. Тимот од Дебар Маало под дводство на новиот стратег Гоце Седлоски сеуште нема остварено триумф. Ремизираше со Гостивар како домаќин, а загфуби на гостувањето кај Шкендија во Тетово. Денешниот меч е трета среќа за Седлоски и неговите избраници.

Во Кратово, Силекс ќе ги одмери силите со Гостивар, а во Штип, во дербоито за бекство од дното Брегалница ја дочекува Воска. Вчера Вардар како гостин ја победи Македонија ЃП (0:1).

 ТАБЕЛА: Шкупи 32 бода, Шкендија 32, Струга ТЛ 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 16, Воска 16, Вардар 14.

Треба да знаете
Последни објави