Фудбалерите на Манчестер Сити и Тотенхем вечерва на „Етихад“ одиграа без победник, 3:3 во дерби натпреварот од 14. коло на англиската Премиер лига.
Головите за Манчестер Сити ги постигнаа Сон Хјун Мин (автогол) во деветтата минута, Фил Фоден во 31. минута и Џек Грилиш во 81. минута. За гостите погодија Сон Хјун Мин во шестата минута, Џовани Ло Селсо во 69. минута и Дејан Кулушевски во 90. минута.
По третото последователно реми во Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер Сити се на третото место на табелата со 30 бодови. Клубот од Манчестер во следното коло ќе и гостува на Астон Вила, пренесува Танјуг.
Фудбалерите на Тотенхем се без победа во последните четири кола од англискиот шампионат, откако забележаа три порази пред вечерашното реми. Лондонскиот клуб е петти на табелата со 27 бодови, а во следното коло на домашен терен го пречекува Вест Хем.
Претходно денеска се одиграа четири натпревари од 14.коло во Премиер лигата, а постигнати се следните резултати: Бурнемаут – Астон Вила 2:2, Челзи – Брајтон 3:2, Ливерпул – Фулам 4:3 и Вест Хем – Кристал Палас. 1:1.