Во Окружниот суд во Ерусалим денеска продолжува судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за корупција, кое беше суспендирано заедно со сите други неитни случаи по нападот на Хамас на 7 октомври.
Итната наредба што министерот за правда Јарив Левин ја издаде до израелските судови по избувнувањето на конфликтот со Хамас истече минатата недела, а на повеќето судови им беше наредено да продолжат со нормална работа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху во моментов е ослободен од присуство на сослушувањата, но може да биде повикан да сведочи за неколку месеци.
Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и нарушување на довербата во еден случај и обвиненија за измама и нарушување на довербата во два други случаи.
Тој ја негираше својата кривична одговорност.