МНТ ги откажа претставите закажани за денеска и утре

Македонскиот народен театар ги откажува претставите кои се на репертоарот вечер и утревечер поради убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, информираат од театарот.

Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ,,Кец на десетка“ закажана за 4.12.2023 г. и претставата ,,Животот е прекрасен“ со датум на изведба 5.12.2023 година, стои во објавата на МНТ.

Треба да знаете
Последни објави