Таткото на свирепо убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар вечерва од Кривичниот суд оди во истражниот затвор во „Шутка“. Судијата на предистражна постапка го прифати барањето на обвинителството за 48-часовен притвор.
Според исказите на тројцата притворени за убиството, Александар Ѓорчевски ги информирал за нејзиното движење, сатницата кога ќе излезе за училиште и дека ќе биде сама, без придружба на нејзината сестра.