Шпанскиот кардиолог Виктор Лопес го советува спскиот фудбалски интернационалец Драгиша Гудељ од редовите на третолигашот Кордоба да ја заврши својата играчка кариера откако во неделата повторно колабирал на натпревар. Ова е вторпат за девет месеци Гудељ да падне како покосен на теренот.
Кардиологот Лопес потенцира дека братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ останал жив благодарение на дефибрилаторот кој му е вграден во март годинава кога 13 минути имал срцев застој. Го вратиле во живот лекарите, по што му е вграден дефибрилатор. Оваа здравствена ситуација според Лопес за фудбалерот треба да биде сериозно предупредување дека треба да престане да се занимава со фудбал.
-Мислам дека би било непромислено ова момче да продолжи да игра фудбал. Изложувањето на напор може да доведе до зачестени појави на аритмија. Разбирам дека е млад спортист пред кого е играчка кариера, но за мене здравјето треба да биде пред парите – му порачува шпанскиот кардиолог на Гудељ.