Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатурист на „Бијело Дугме“, култниот бенд од просторот на некогашна Југославија.
Ова за „Аваз“ го потврди неговиот близок пријател. Правдиќ, како што се наведува, починал во пресрет на својот 74-ти роденден на 6 декември, пренесуваат медиумите.
Со „Бијело Дугме“ беше од почетоците на групата и сними два албума „Кад би био Бијело дугме“ и „Што би дал да си на моето место“ пред да оди во војска во 1976 година. Во „Дугме“ го замени Лаза Ристовски. Владо се вратил во „Бијело дугме“ во 1978 година. Од 1978 до 1987 година со нив објави пет албуми: „Битанга и принцеза“, „Да се доживее стотата“, „Приспивна за Радмила М.“, „Косовка ѓевка“ и „Плукни и запеј моја Југославијо“.
По турнејата на Дугме наречена „Плукни и запеј моја Југославијо“, во 1987 година, Правдиќ се повлече да работи со компјутери.