Во знак на благодарност што ја чувале нејзината ќерка, ги повела родителите на пат, сите исчезнаа во Дунав

Една постара брачна двојка, нивните две ќерки и внуката (6) од Јужна Кореја, најверојатно, се меѓу туристите кои исчезнаа по судирот на двата брода на Дунав во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.

Наводно, тие се членови на семејството Ким, кои живеат во градот Инчон на западниот брег на Јужна Кореја.

Мајката (38), чие име не беше наведено, работела како козметичарка, поради што нејзините родители повеќе пати ја чувале нејзината шестгодишна ќерка. За да им се заблагодари за несебичната помош и грижата за внуката, таа им подарила патување во Европа, кое, за жал, заврши трагично.

Нејзиниот сопруг не можел да оди со нив бидејќи имал многу работа, според порталот hvg.hu. На патувањето отишла нејзината сестра.

Семејството живеело во иста куќа. Бабата и дедото живееле на последниот кат од трикатна куќа во Инчон, а на вториот кат се наоѓал салон за убавина. Медиумите известуваат дека целата зграда е затворена денес.

Според медиумите во Јужна Кореја, во судирот на бродовите загинаа мајката (38), ќерката (6), бабата (60) и дедото (62).

Нејзиниот сопруг му рече на Министерството за надворешни работи во Сеул дека веднаш ќе сака да дојде во Унгарија, а неговото доаѓање се очекува утре попладне со членовите на семејството на други патници од бродот.

Треба да знаете
Последни објави