Во очекување на вонредната прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од кого се очекуваат нови детали во расветлувањето на грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска, четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на киднапираната и убиена малолетничка вечерва во Кривичниот суд, повторно се пред судија на претходна постапка кој ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор на 30 дена.
Тие под силно полициско обезбедување од затворот „Шутка“ беа донесени во Кривичниот суд.
Осомничени за убиството, покрај таткото на 14-годишното девојче, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, за кого вечерва проструи информацијата дека е уапсен во Турција.