Галант го осуди насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска го осуди насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег.

Тој нагласи дека во правна држава право на употреба на сила имаат само полицијата и армијата. „За жал, има насилство од екстремисти што мораме да го осудиме“, рече Галант на прес-конференција.

Претходно денеска, САД воведоа политика на визни ограничувања за поединци за кои се верува дека се вклучени во насилни напади на окупираниот Западен Брег.

„САД се противеа на акциите кои ја поткопуваат стабилноста на Западниот Брег, вклучително и нападите на израелските доселеници врз Палестинците и нападите на Палестинците врз Израелците.

„И посочивме на израелската Влада дека треба да стори повеќе и да ги повика на одговорност екстремистичките доселеници кои извршија насилни напади врз Палестинците на Западниот Брег“, соопшти Стејт департментот.

Треба да знаете
Последни објави