Нотопулу: Да не беше агонијата за Договорот од Преспа, СИРИЗА ќе имаше други резултати во Северна Грција

Кандидатката за градоначалничка на Солун на грчката владејачка партија СИРИЗА, Катерина Нотопулу смета дека „македонското прашање” имало влијание врз резултатите од локалните избори одржани во неделата.

– На крај се покажа дека влијаеше на СИРИЗА. Ако не постоеше агонијата на нашите сограѓани за Договорот од Преспа, СИРИЗА ќе имаше различни проценти во Северна Грција, вели Нотопулу во интервју за GRTimes.gr.

Нотопулу, која до пред неколку месеци беше заменик министер за Македонија и Тракија, во неделата во првиот круг од локалните избори заврши на четвртата позиција и не успеа да освои доволен број гласови за да се палсира во вториот круг.

Како јави дописничката на МИА од Атина, кандидатката за градоначалник на Солун, меѓу другото, одговара и на прашањето дали таа лично направила грешки поради кои не успеа да влезе во вториот круг на локалните избори.

– Често сум самокритична, но не можам да најдам грешки во нашата партија. Останатите партии навистина направија грешки. Ако беше грешка тоа што во некој момент облеков розови чевли, тоа ќе го оцените вие. Можеби беше грешка тоа што изгубив толку време за да ги убедам луѓето да чекорат заедно со нас, луѓе кои веќе ја делеа власта од други позиции, вели Нотопулу во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави