Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените

Рано утринава се слушнаа експлозии во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад и се огласија сирените, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор.

Портпаролот на амбасадата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Повеќе од 70 напади се извршени врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија од средината на октомври, а дипломатските мисии се поштедени.

Треба да знаете
Последни објави