Денови се во прашање кога ќе се пушти во употреба затворениот базен во Струга

Пратеникот од редовите на СДСМ Јован Митрески во своја објава на Фејсбук напиша дека за неколку дена затворениот струшки базен ќе биде пуштен во употреба.

„Се вршат последни тестирања на машинскиот дел… Денови се во прашање кога затворениот струшки базен ќе биде пуштен во употреба“ објави Митрески.

Во затворениот базен во Струга, кој 15 години беше руина и депонија, во тек се последните градежни работи и тој се очекува наскоро да им биде предаден на спортистите и граѓаните на Струга.

Агенцијата за млади и спорт ја презеде иницијативата да се обнови затворениот базен пред две години, откако фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па договорот бил раскинат на штета на самата фирма и активирана е банкарската гаранција.

Треба да знаете
Последни објави