Годишната инфлација во Грција во ноември падна на 3 отсто, наспроти 3,4 во октомври. Цените на прехранбените производи остануваат високи. За една година се зголемиле за 9 проценти. Најголем раст од 31,4 отсто за една година бележи маслото, овошјето за 12 отсто, зеленчукот за 10,8 отсто и месото за 8,1 отсто.
Според податоците од грчката служба за статистика, за една година, од ноември 2022 до ноември 2023 година намалување има кај цената на природниот гас за 53,2 отсто, додека сите други производи и услуги се поскапени.
Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше 7 проценти, и од тогаш е во опаѓање.