Омилената регионална пејачка Лепа Брена распродаде два, па е закажан и трет концерт во Загреб за една година ! Брена во Загреб ќе ги пее нејзините хитови како „Југословенка“, “Хајде да се волимо“, „Немам други дом“, „Пази коме завидиш“… Влезниците за концертите кои ќе се одржуваат во Арена Загреб се распродадени за само 24 часа.
Публиката, според интересот за влезниците, се чини дека со нетрпение ја очекува Брена во Загреб која на сцената ќе излезе на 6, 7 и 9 декември 2024 година.
-Одлична вест. Навистина среќна! Ви благодарам многу на сите што купивте билети, кои ме сакаат и ме поддржуваат и кои ќе дојдат да го видат спектаклот што го подготвуваме, кои го заслужуваат и го очекуваат. Тоа ќе биде навистина нешто посебно, едвај чекам да излезам пред мојата публика, изјави Брена по втората распродадена Арена.