Зеленски од Состанокот на коалицијата: Нашите деца се насилно посвоени и се задојуваат со омраза кон Украина

Првиот состанок на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца („Состанок на коалицијата“), што денеска се одржува денеска во Кијив, го отвори украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Времето е исклучително важно. За децата и родителите е важно да бидат заедно, затоа што децата може многу да се променат во текот на една година. Некогаш, дури и само еден ден е потребен. Нашите деца сега се киднапирани, насилно посвоени и се задојуваат со омраза кон Украина“; изјави Зеленски.

Примарната цел на состанокот на коалицијата е да се идентификуваат практични чекори за земјите од коалицијата, да ја поддржат Украина во нејзината мисија на враќање на депортираните и присилно раселените деца дома.

Претставници од Северна Македонија се претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.

Извор: Цивилмедиа

Треба да знаете
Последни објави