Натпреварот во Гранада прекинат поради смрт на навивач

Натпреварот меѓу Гранада и Атлетик Билбао беше одложен по едночасовниот прекин.

Во 18. минута играта беше прекината, лекарскиот тим итно реагираше на трибините, бидејќи еден навивач колабирал.

По прекинот кој траеше речиси еден час, стигна потврда дека натпреварот ќе биде одложен до дополнително известување поради смрт на навивач.

Ла Лига во краткото соопштение изрази сочувство до семејството и соопшти дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали за продолжението на натпреварот, но извесно е дека тој нема да продолжи денеска.

Инаку, Атлетик Билбао водеше со 1:0 од петтата минута, со голот на Игнасио Вилијамс.

Треба да знаете
Последни објави