Завршната осма трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи вечер во Куманово. Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на енергетиката.
Најавено се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и на амбасадор на Европската Унија Дејвид Гир и на амбасадорка на Германија Петра Дрекслер.
Кампањата „Ние сме Европа“ чиј предводник е заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во осум градови низ државата.
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, се посочува во соопштението од СЕП.