Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на Европските министри за надворешни работи во Брисел изјави дека се надева „дека нема да биде засегнато европското единство за Украина.
– Не е време да ослабнеме туку да се зголеми помошта за Киев, изјави тој.
Според него, досега земјите од ЕУ и обезбедиле на Украина воена помош од околу 26 милијарди евра и неопходно е да се координира помошта што се дава на билатерална основа.
Борел најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за Украина.