Околи евентуална кандидатура за претседателски кандидат на државата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека во овој момент не е тема за јавност. Одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на СВР Куманово, Спасовски најави дека ќе извести за тоа кога ќе дојде моментот. -Тоа не се отворени теми, ниту пак теми за јавност и тука. Тоа се партиски работи за кои што кога ќе дојде моментот ќе го кажам ставот, рече министерот Спасовски. На лидерската средба минатата недела партиите се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април следната година, а на 8 мај, заедно со вториот круг претседателски избори да се одржат и парламентарните избори.