Европската унија ќе им предложи на владите на земјите-членки да воведат санкции за израелските доселеници на окупираниот Западен Брег, кои насилно ги третираат тамошните Палестинци, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
„Ќе бараме предлог за санкционирање на екстремистичките доселеници на Западниот брег“, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Италија претходно денеска ја повикаа Европската унија да воведе дополнителни санкции против палестинската милитантна група Хамас и нејзините поддржувачи.
Насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег е зголемено по нападот на Израел на 7 октомври од страна на Хамас.
Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Италија претходно денеска ја повикаа Европската унија да воведе ад хок санкции против палестинската милитантна група Хамас и нејзините поддржувачи.
„Ја изразуваме нашата целосна поддршка за предлогот да се создаде ад хок режим на санкции против Хамас и неговите поддржувачи“, се вели во писмото до Борел.
Во писмото се наведува дека брзото усвојување на овој режим на санкции ќе овозможи да се испрати силна политичка порака за посветеноста и солидарноста на Европската унија со Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше западните лидери во неделата, велејќи дека тие не се доследни во нивната поддршка за воената цел на Израел – уништување на Хамас.