Околу 500 осомничени за илегална трговија со диви животни и заштитени видови беа уапсени во октомври во меѓународна полициска и царинска операција, соопшти Интерпол.

Во акцијата „Гром“ од 2 до 27 октомври, со учество на 133 земји, запленети се повеќе од 2.000 животни и растенија заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација со седиште во Лион.

Конфискувани се и повеќе од 300 килограми слонова коска, илјадници јајца од желка, 30 тони растенија, десетици делови од телото на големи мачки и носорози, примати, птици и морски животни.



