Серафимов се најде во тимот на колото во Унгарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов од редовите на МОЛ Фехервар се најде во идеалниот тим на 16. коло од унгарското првенство. Серафимов беше најдобро оценет во победата на МОЛ Фехервар против Мезекевешд (2:0).

Моментно по 16 одиграни кола МОЛ Фехервар се наоѓа на третото место со 27 бодови, седум помалку од водечкиот Пакси, а втор е Ференцварош со 30.

Серафимов ја игра својата трета сезона во Унгарија, втора во МОЛ Фехервар во чиј дрес сезонава во шампионатот има до сега 14 настапи и еден гол во победата од 3:1 над Кишварда во октомври.

Треба да знаете
Последни објави