Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Нацрт-резолуцијата беше поднесена од групата од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка. За усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа против, а 23 членки на ОН беа воздржани.

Меѓу земјите кои ја поддржаа резолуцијата е и Македонија, а Израел и Соединетите Американски Држави беа против.

Резолуцијата повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“.

Дополнително, се повикува на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување пристап до хуманитарна помош“ до Појасот Газа.

Нацрт-резолуцијата беше поднесена од групата од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка.

Треба да знаете
Последни објави